Иако ова се чини како голем број емоџи, многу од нив не се толку нови. Покоректно е да се каже дека голем дел од веќе постоечките ќе бидат обновени.
Организацијата Unicode Consortium ја состави листата на нови емоџи за годинава. Во 2019 година, во системот ќе бидат вклучени 230 нови опции, од кои 175 претставуваат луѓе и тела. Од сега, тенот на кожата и полот кај емоџите кои претставуваат партнери ќе може да се менува, на тој начин овозможувајќи повеќе од 70 различни комбинации.
Here are the 230 new emoji coming in 2019.
Finally we'll be able to waffle. pic.twitter.com/N5sqCl5cjs— Luc Benyon (@HanburySt) February 6, 2019
Unicode Consortium е непрофитна организација која е одговорна за стандардизација на сите знаци достапни на интернет, така што тие би го имале истото значење во целиот свет.
Одборот за донесување одлуки главно се состои од големи технолошки компании. Значи, новиот орангутан, коцката мраз која се топи или роботската рака не се исклучиво претставени од „Епл“ или „Гугл“, туку тоа е заедничка одлука.
Сепак, секоја компанија на свој начин ги претставува иконите, најчесто со мали отстапувања од усвоените урнеци.
Друга важна тема е презентацијата на лицата со попреченост. Од сега, моторизираната и рачна количка ќе изгледаат поинаку и ќе бидат достапни во машка и во женска верзија.
Емоџи на лица со оштетен вид и бел стап во рака, како и уши со слушен апарт исто така ќе бидат достапни. Исто така пристигнува и белото срце кое голем број корисници нетрпеливо го очекуваа.