Минатиот декември Viber го прослави осмиот роденден, а вчера ја претстави новата верзија со изменет изглед.
Новата верзија ќе биде подобра, побрза и побезбедна за размена на пораки.
„Во текот на минатата година вложивме многу напори за подобрување на квалитетот. Испраќањето пораки станува двапати побрзо од претходно, унапреден е и квалитетот на аудио и видео пораките“, велат од Viber.
Мобилната апликација наместо препознатливата виолетова боја, сега е доста посветла, а дизајнот е многу поедноставен. На почетното мени сега се само опциите за пораки, повици и поставки.
Новата верзија има и групни видео повици до пет корисници. Сепак, на почетокот постои можност некои корисници да ја имаат само опцијата за групни аудио повици.
Извор: Klix.ba