Речиси половина од светските океани ќе ја променат својата боја до крајот на 21 век како резултат на глобалното затоплување. Студијата ја спроведе Институтот за технологија во Масачусетс.

Во извештајот објавен деновиве се наведува дека бојата на океанската вода зависи од концентрацијата на фитопланктонот во него. Глобалното затоплување влијае на океанските струи, температурата и содржината на хранливи материи неопходни за репродукција на алгите способни за спроведување на процесот на фотосинтеза.

По проучувањето на сателитските снимки на океаните во текот на изминатите 25 години, научниците открија дека забрзаното топење на поларниот мраз доведе до намалување на температурата на водата околу екваторот, на Бермуди и Бахами и намалување на концентрацијата на фитопланктон таму. Како резултат на тоа, бојата на водата стана светло сина.

Во исто време, во јужните делови на Пацификот и Атлантскиот океан, фитопланктонот се множи поради затоплување на животната средина, а водите во овие области се здобија со посветла зелена нијанса.

„Промената на бојата е лош знак. Фитопланктонот е во срцето на синџирите на исхрана и сите промени во оваа основа ги загрозуваат постоењето на сите живи суштества заедно со синџирите на храна, вклучувајќи ги и поларните мечки или туната“, велат од Институтот.