ZenScreen MB16AC мониторот има дијагонала на екранот од 15,6-инчи, резолуција од 1.920 x 1.080 пиксели и дебелина од 8 милиметри

Asus на почетокот на септември 2016 година на IFA саемот го претстави ZenScreen мониторот. Посебноста на овој модел е тоа што за конекција се користи USB-C порт и што има доволно мали димензии и тежина за да може да се носи и на патувања.

ZenScreen MB16AC мониторот има дијагонала на екранот од 15,6-инчи, FHD резолуција (1.920 x 1.080 пиксели) и дебелина од 8 милиметри. Исто така, ни тежината не му е преголема – 780 грама, што овозможува релативно лесен пренос.

 

Со цел во текот на работата во што поголема мерка да се заштитат очите на корисникот, Asus осигура и поддршка за TÜV Flicker-free и TÜV Low Blue Light технологијата. Понатаму, тука се и осум различни модови кои автоматски ги прилагодуваат поставките на екранот во зависност од видот на приказот – sRGB, Scenery, Theater, Standard, Night View, Game, Reading и Darkroom режим.

 

ZenScreen се одликува со уште повидлива површина од 344,16 x 193,59 милиметри и осветлување од 220 cd/m2 и контраст од 800:1. Што се однесува до потрошувачката, мониторот не бара премногу и во текот на работата троши помалку од 8 W.

Мониторот зависно од потребите на корисникот може да биде поставен во хоризонстална или вертикална положба. ZenScreen ќе пристигне во продажба за неколку дена по цена од 249 долари.