Германскиот Spiegel јавува дека групацијата Volkswagen открила уште еден проблематичен модел, а тоа е легендарниот Porsche 911.
Врз основа на податоците од самата компанија, откриено е дека 911-те направени во 2016 и 2017 година трошат повеќе гориво од очекуваното и затоа имаат значително повисоки емисии на штетни гасови. Според внатрешните информации од групата VW, Германците се подготвени за ова да ја информираат американската влада.
Во случај Porsche 911 да потроши повеќе од 10% од декларираната потрошувачка на гориво, Porsche и Volkswagen можат да се соочат со сериозни последици, почнувајќи од тужби на клиентите за отштета до откажување на договори за купопродажба. Исто така можни се и тужби од државните органи, пред сè даночната администрација, бидејќи за повисока емисија треба да се плати и поголем данок.
Според Spiegel, Porsche погрешно го пресметал воздушниот отпор за моделот 911, а со тоа и зголемената потрошувачка на гориво и емисии на штетни гасови. Според германскиот весник Volkswagen, веќе ги известил властите во Германија за овој проблем.
Запрашани да појаснат за што точно станува збор, од Porsche кусо одговараат дека компанијата спроведува внатрешна истрага за повисоките емисии на гасови во одредени модели.
Поврзани артикли