Sony во својата понуда додаде нови телевизори со висока резолуција. Новите модели се дел од линиите XG83, XG81, XG80 i XG70 и се одликуваат со 4K HDR панели.
Најмоќниот модел е оној со ознака XG83 и доаѓа во две верзии – со екран со дијагонали од 43 и 49 инчи и е опремен со 4K процесoрот HDR X1, кој донесува поддршка за Object-based HDR ремастер и Super Bit Mapping технологија со помош на кои ја подобрува длабочината, текстурите и осигурува природни бои на репродуцираната содржина.
Линиите XG70 и XG81 содржат по четири телевизори со дијагонали на екранот од 43“, 49“ 55“ и 65“. Линијата XG80 оди чекор понатаму, па донесува и петти модел со дијагонала на екранот од 75 инчи. Сите модели имаат поддршка за 4K X-Reality PRO технологијата на Sony (ја зголемува и изострува сликата) и паметните функции како Sony Android TV.
Поради тоа, поддржан е и Google Play, а преку него и популарните апликации YouTube, Netflix, Prime Video (Amazon), HBO и други. Моделите XG83, XG81 и XG80 добија и поддршка за Google Assistant, па со нив е можно да се управува и преку гласовни команди.