Hyundai работи на систем од воздушни перничиња кој би овозможил нивно повторно активирање, со цел заштита на патниците од последиците од последователни судири кои можат да следат по иницијалната незгода.

Според податоците на Националната агенција за безбедност во сообраќајот (NHTSA), во околу 30% од пријавените сообраќајни несреќи кои се случиле во периодот 2000-2012 година, возилата по иницијалниот претрпеле и секундарен судир.

Ова значи дека по првиот удар во возило или пречка, автомобилите имале контакт со секундарни објекти, како што се дрво, електричен столб, други возила и слично.

За разлика од сегашните системи на воздушни перничиња, кои не обезбедуваат заштита против таков секундарен судир, системот кој го развива Hyundai овозможува нивно повторно активирање во моментот на скундарен судир во препрека.

 

Целиот текст можете да го прочитате на порталот Додај Гас