Силиконската долина во САД со години беше многу познат проект кој покажува дека технологијата оди напред. Но, сега и Данска почнува сличен проект. Ова ќе биде „европска верзија“ на тој проект. Многу земји направиле обиди да создадат нешто слично, но не успеале. Проектот ќе биде комбинација на наука и технологија, но како ќе изгледа, видете овде.
Данската влада гради девет вештачки острови наречени „Холмене“, во Балтичкото Море, во близина на брегот Хвидовир. Целта на данската влада е ова место да стане нов технолошки центар.
Крајбрежјето долго 11,6 километри ќе послужи за канцелариски градби и 70 хектари паркови. Проектот треба да биде завршен до 2040 година, а владата се надева дека оваа локација ќе привлече 380 компании. Шефот на данската стопанска комора, Брајан Кикелсен, вели дека овој нов развој би можел да стане еден вид европска Силициумска долина.
За разлика од бизнисите што ги искористуваат ресурсите што придонесуваат за климатските промени, Данска се обложува на еко-пријателска иднина. Планира да ја изгради најголемата фабрика за отпад што треба да го претвори ѓубрето во доволно гориво за да се напојува 25 отсто од Копенхаген.
Извор: Blic.rs