Авторите на студијата спроведена на Универзитетот во Пенсилванија тврдат дека за прв пат откриле директна причинска врска меѓу престанокот на користење социјални мрежи и подобрување на здравсрвената состојба кај корисниците.
Временското ограничување на користење социјални мрежи води до намалување на симптомите на депресија и осаменост, се наведува со резултатите од студијата.
Истражувачите во текот на три недели, го набљудуваме однесувањето на 143 студенти, кои биле поделени во две групи. Едните продолжиле да ги користат друштвените мрежи исто, додека другите биле огрнаичени на 10 минути дневно.
Резултатите од експериментот покажале дека симптомите на депресија, кај студентите кои употребувале Facebook, Instagram и Snapchat биле ограничени на 10 минути дневно, се значително пониски.
„Тоа што не бев во прилика да го споредувам мојот живот со животите на другите многу повеќе влијаеше на мене отколку што пчекував. Се чувствував попозитивно кон себеси во текот на три недели“, озјави еден од студентите по завршувањето на експериментот.
„Иронично е тоа што намалувањето ан употребата на социјалните мрежи, кои би требало да постојат за поврзување на луѓето, всушност придонесува луѓето да се чувствуваат осамено и депресивно“, се вели вели во студијата, пренесе CNBC.
И покрај повеќето обиди, новинарите не добиле коментар на резултатите од студијата од Facebook, а од Snapchat одбиле коментар.
Извор: B92.net