Dell во својата понуда го воведе новиот модел на XPS 13 лаптопот за програмери. Покрај добро познатото име Dell XPS 13 Developer Edition стои и ознаката 9380, која означува дека се работи за најнов модел.
XPS 13 (9380) се заснова на осмата генерација процесори на Intel, може да се конфигурира до 16 GB RAM и до 512 GB (M.2 PCIe NVMe SSD) простор за складирање. Купувачите, исто така, имаат можност за избор помеѓу 13,3“ InfinityEdge екран со FHD или 4К резолуција.
Што се однесува до процесорите, во понудата се Core i3, Core i5 и Core i7 процесори. Основниот модел е опремен со Core i3-8145U процесор, 4 GB RAM (LPDDR3), 128-гигабаајтен SSD и FHD екран. Од друга страна, ТОП моделот има Core i7-8565U процесор, 8 GB RAM (LPDDR3) и исто така 13,3“ FHD дисплеј. Екранот со 4K резолуција е опционален.
Сите модели имаа батерија со капацитет 52 Whr. Она на што Dell посвети посебно внимание е веб камерата. Се чини дека значителен број корисници имаа забелешка за нејзиното сместуваање на минатиот модел (под екранот), па веб-камерата од моделот 9380 повторно е вратена на врвот на екранот.
Со XPS 13 Developer Edition (9380) традиционално се испорачува Linux, поточно Ubuntu во верзија 18.04 LTS. Цените се движат од 740 до 1690 долари. Деталните спецификации се достапни на официјалната интернет страница на производителот.