Lenovo конечно и официјално го претстави наследникот на минатогоишниот Moto Z Play паметен телефон од повисоката средна класа.
И покрај претходните најави за намалување на автономијата поради помалиот капацитет на батеријата, се чини дека и новиот Moto Z2 Play, сепак, донекаде ќе ја задржи една од главните предности на претходникот, благодарејќи на интегрираната батерија со капацитет од 3000 mAh (со додадена поддршка за брзо полнење). Тука е и многу потенкото куќиште во однос на претходниот модел, кое сега има дебелина од само 5,9 милиметри.
Уште една промена во однос на првиот Moto Z Play е процесорот. Наместо стариот Snapdragon 625 чип, сега тука е 14-нанометарскиот и осмојадрен Snapdragon 626 на такт од 2,2 GHz. На сето наведеното треба да се придодаде и Adreno 506 графиката, 3 односно 4 GB RAM и 32, односно 64 GB интерна меморија проширлива со microSD картички (количината на RAM и интерна меморија зависи од избраниот модел).
Екранот е 5,5-инчен, се темели на AMOLED технологија, а неговата резолуција изнесува 1920 x 1080 пиксели, задната камера донесува 12 мегапикселен сензор со отвор на блендата f/1.7 и дуал флеш блиц, додека предната камера донесува 5-мегапикселен сензор. Тука е и отпорноста на влијанијата на вода и предниот сензор на отисоци на прсти. Оперативниот систем е Android 7.1.1 Nougat.
Moto Z2 Play донесува и поддршка за Moto Mods додатоци, меѓу кои и новите како што се JBL SoundBoost 2 (подобрен наследник на минатогодишниот SoundBoost), Moto GamePad, Moto Turbo Power Pack и Moto Power Pack. Moto Z2 Play на пазарот ќе пристигне во текот на ова лето.