Милиони корисници на Instagram низ целиот свет не можат да ја користат апликацијата за споделување фотографии откако ненадејниот прекин кој ја стави услугата надвор од употреба, пренесува РТ.
Извештаите дека Инстаграм е недостапен почнаа да пристигнува во 7:20 часот по источно време во САД, но мапата покажува недостапност на услугата и во двете Америки, Европа и во Австралија, пренесува веб-страницата DownDetector.
Иако Инстаграм се уште е достапен за некои корисници, апликацијата не ги обновува информациите, не испраќа или прима пораки или не објавува фотографии. Корисниците се префрлија на други социјални мрежи, како Твитер, споделувајќи ги своите искуства под хаштагот #Instagramdown.
„Свесни сме дека поради некој проблем Instagram е недостапен за некои корисници, но работиме на тоа брзо да го решиме проблемот “, рече портпаролот на мрежата.
Instagram, кој е во сопственост на Facebook не даде објаснување за претходните два големи прекини, во ноември и октомври минатата година.