Швајцарски истражувачи од лозанскиот ЕПФЛ институт и ЕТХ Цирих создадоа микророботи, коишто можат автоматски да го менуваат обликот и да го прилагодуваат според тоа каде се наоѓаат, и кои ќе може да се вбризгуват во човековите крвни садови. Нивната намена би била да нѐ снабдуваат со лекарства или да ги прочистуваат артериите.
Микроапаратите ќе бидат автономни при движењето. Изработени се од слоеви биокомпатибилен хидрогел склопен како оригами, којшто често се користи во оваа софистицирана индустрија, заради неговата главна намена – прилагодивоста во организмот, што пак го намалува ризикот од внатрешни повреди.
– Нашите роботи содржат посебна градба и структура, коишто им овозможуваат да се адаптираат кон својствата на телесните течности. На пример, при промена на вискозноста (отпор при движење) или на осмотската концентрација, микророботите го менуваат обликот, за да се зачува брзината, како и својата постојаност и насока во движењето, објасува проф. Селман Сакар, раководител на испитувањата.
Овие сознанија може да доведе до создавање микроапарати кои ќе можат да го однесат лекот директно до местата во човечкото тело каде што тој е потребен.