За два дена Vivo ќе го претстави новиот паметен телефон од тестната линија Apex. Да потсетиме, првиот го доби пазарното име Find X и донесе pop-up камера и екран на целата предна страна на уредот, без notch.
Се чини дека Vivo со новиот Apex е подготвен да отиде чекор понатаму и да претстави телефон, кој во целост ќе биде без отвори за конектори и копчиња. Така барем можеа да насетат случајните минувачи, кои Vivo ги повика без гледање да го испробаат новиот смартфон.
https://youtu.be/N6ObeXVpveA
Како што се гледа во приложеното видео, уредот се наоѓал во затворена кутија и било невозможно само да се опипа, но не и да се погледне. Оние кои имале прилика да го испробаат, велат дека целиот е мазен, во вид на метален сапун. Исто така, наведоа дека под рацете не почувствувале никакви влезови и копчиња.
Ова би можело да значи дека Apex 2019 ќе стане првиот смартфон на пазарот, кој нема да има конектори за полнење на батеријата и спојување на компјутер, но и дека нема да има копчиња со кои би се прилагодувала гласноста и би се вклучувал, односно исклучувал телефонот.
Ако наведеното се покаже точно, тоа би значело дека целата работа со телефонот би се одвивала исклучиво преку екранот, а полнењето на батеријата би било безжично. Исто така, тоа би значело дека за бекап на податоци би се користеле исклучиво безжични мрежи.
Врз основа на горенаведените податоци, дизајнерот Бен Гескин креираше и концептуални рендери, кои можете да ги видите во прилог на текстот. Колку успеа да го погоди дизајнот, ќе видиме на 24. јануари, за кога е најавен настанот на кој Vivo и официјално ќе го претстави моделот Apex 2019.