Благодарение на извештаите од повеќе различни извори видливо е дека Apple има проблеми во продажбата на своите најнови модели на iPhone и дека нивната продажба донекаде потфрлила.
Како еден од чекорите кои компанијата од Купертино ги презема со цел делумно да ја поправи состојбата во својот оддел за мобилни уреди е повторната продажба на моделот, кој веќе беше повлечен од пазарот.
Засега исклучиво само на американскиот пазар, Apple повторно во продажба го пушти популарниот компактен паметен телефон iPhone SE, кој на пазарот прв пат се појави во март, 2016. година, со 4-инчен екран, А9 чип и Touch ID.
Овој мобилен уред им се нуди на американските купувачи преку Clearance Products делот на Apple Store. Верзијата со 32 GB интерна меморија се продава по цена од 249 американски долари, а верзијата со 128 GB интерна меморија по цена од 299 американски долари.
Исто така, се појавија гласини дека Apple на пазарот би можел повторно да го понуди и iPhone X моделот од 2017. година, кој исто така првобитно е повлечен од продажба.