На почетокот на минатата година, Apple објави достапен iPad кој имаше нешто послаби спецификации. Меѓутоа, ниската цена и компатибилноста со Apple Pencil придонесоа ова да биде доста примамливо купување за оние кои не сакаа да потрошат многу пари за iPad Pro.

Сега, според наводите на медиумите, не очекува освежен iPad од поевтиниот сегмент, како и петта генерација на iPad mini, а уредите би требало да се појават во текот на првата половина на 2019. година. Извештаите не споменуваат специфични датуми кога би можеле да ги очекуваме апдејтуваните таблет уреди, како ни нивните спецификации.

Извештаите се во согласност со она што аналитичарот Минг-Чи Куо го истакна минатата година, кога сугерираше дека Apple конечно би можел да го апдејтува iPad mini, иако во минатото се појавуваа информации дека компанијата планира да ја укине оваа продукт линија.