Саемот на потрошувачка електроника CES 2019 беше многу успешен за производителите на мобилни уреди и компјутери. Посебно за кинеската компанија Huawei, која од САД донесе дури девет награди, од кои осум освои само новата верзија на преносниот компјутер MateBook 13.
MateBook 13 има модерно дизајнирано куќиште и ги следи новите трендови, што е јасно видливо на екранот, кој прекрива 88 проценти од површината, со резолуција од 2160 x 1440 пиксели. Односот на страниците е 3:2, а дополнителна функционалност е и екранот осетлив на допир.
Во самото срце на преносникот се Intel процесорите од осмата генерација кои гарантираат пријатна работа без запирање, дури и при наајтешките задачи. За уредот се предвидени две ултрабрзи мемориски опции – NVMe PCIe SSD дискови со каапацитет 256 или 512 GB, а придонес за пријатното корисење дава и 8 GB работната меморија. Опцијата со i7 процесор на Intel доаѓа и со Nvidia GeForce MX 150 графичка картичка.
Куќиштето со дебелина од само 15 милиметри, Huawei го опреми со два USB-C влеза и 3,5-милиметарски аудиоприклучок. Компјутерот е можно да се отклучи со помош на сензор за отпечаток од прст, со што дополнително се зголемува сигурноста и приватноста на личните податоци.
Батеријата е со капацитет 41,7 Wh, а тестирањата ветуваат помеѓу 9 и 10 часа користење. Со цел на корисниците да им осигура да ги поврзат своите постоечки уреди. Huawei во продажното пакување вклучи и dock, кој ја проширува поврзливоста на USB-A, VGA или HDMI влезови
.