Јапонската компанија Astro Live Experiences (ALE) креирала вештачки дожд од метеори, односно сателит, кој на барање на корисникот би исфрлал вештачки метеори и со тоа би го разубавил ноќното небо.
На ракетата Епсилон од ALE веќе го испратија својот прототип во вселенатаз а да го тестираат. Од височина од 400 километри сателитот со тежина од 65 килограми би исфрлил купишта мали метални парчиња со дијаметар од околу 1 сантиметар кон Земјата.
Од што се направени металните парчиња , не е познато и се чува како деловна тајна , но се дизајнирани така што би гореле при влезот во атмосферата.
При тоа на подрачје од 200 километри би требало да се создадат многубројни шарени линии , видливи од Земјата со голо око.
Вештачките метеори би биле поголеми и подолго време би се задржале на небото отколку природните. Овој проект на јапонзката компанија се нарекува Sky Canvas или небесно платно.