Новите модели на iPhone планирани за 2019. година се уште се во фаза на тест одобрување, што значи дека иако изгледа како готов производ, се уште не е ништо конечно одлучено кога се во прашање дизајнот и спецификациите. Сега CompareRaja и Стив Хемерштофер прикажуваат нов сет на фотографии на прототипот на iPhone XI.
Фотографиите на овој модел се поклопуваат со претходните очекувања, а iPhone XI имплементира значајно помал засек (notch) во екранот, а ова најверојатно е постигнато со поместување на in-ear слушалката во горниот дел и примената на најновите in-display технологии. Телефонот, исто така, има нешто потенки рамки, иако оваа разлика е едвај забележлива.
Она што повеќе се забележува се промените на задната страна на уредот. Камерата е сместена во хоризонтален систем, точно во центарот на панелот. Прототипот на уредот користи систем со три камери, кои ги следи LED блиц прстен.
Во овој момент, изгледа дека постојат две опции за новиот iPhone 2019. Компанијата би можела да избере да продолжи со двата дизајна и да создаде одвоени уреди, но би можело да се случи некој од дизајните да биде отфрлен и да се фокусира само на еден модел.