Џорџ Кеденбург, дизајнер за производи на Instagram, создава единствени ефекти за проширена реалност инспирирани од старата технологија.
Посебните ефекти за проширена реалност што ги создаде Џорџ се различни од вообичаените и токму поради тоа стануваат интересни за корисниците на Instagram, особено оние што можат да ве вратат во други времиња.
Тој на својот профил дизајнира и објави неколку ефекти за проширена реалност инспирирани од индикаторите на телефонските батерии и естетиката на десктоп-компјутерите од 90-тите години. Сите следбеници на профилот на кој објавува ефекти за проширена реалност можат да ги користат и во сопствените „Сторис“ и објави.
Ефектите можат да ги користат и самите посетители – само треба да кликнат на оние што Кеденбург ги објавил.