Razer на годинашниот саем CES 2019 претстави еден уред кој досега не беше дел од нивната понуда – монитор. Досега оваа компанија беше и повеќе од позната по своите периферни уреди (тастатури, глувчиња…) и по своите гејмерски преносници, а сега се одлучија да направат чекор понатаму и под својот бренд на гејмерите да им понудат и еден монитор – Razer Raptor.
Се работи за монитор со дијагонала од 27 инчи. Се заснова на IPS елкран со резолуција 2560 х 1440 пиксели и ја поддржува AMD FreeSync технологијата. Благодарение на осветлувањето од 420 нита, успеа да добие и Display400 HDR сертификат. Понатаму, Razer наведува дека нивниот Raptor се одликува со брзина на осветлување на панелот од 144 Hz, брзина на одзив од 4 ms (GtG), контраст од 1.000:1 и 95 процентна поддршка за DCI-P3 спектарот на бои.
Како секој втор „вистински“ гејмерски монитор, така и Raptor доаѓа со RGB осветлување (Razer Chroma). Како што можете да видите од приложените фотографии, Razer одлучи да го ограничи RGB само на долниот дел на сталакот, така што осветлувањето во некоја рака е дискретно и не е нападно во текот на работата на мониторот. Кога сме кај сталакот, да споменеме дека намената на истото е и уредното држење на каблите.
Поврзани артикли