Познатиот инсајдер Иван Блес објави фотографии од новиот модел на финскиот бренд кој најверојатно би требало да биде претставен за неколку дена.
Секако, најмногу се истакнуваат петте камери на задната страна од телефонот брендирани како Zeiss, баш како и кај другите телефони од висока категорија кај овој бренд.
На фотографиите може да се забележи дека на предната страна нема да има “notch”, а скенерот за отпечатоци на прсти речиси сигурно е интегриран под самиот екран како кај Huawei Mate 20 Pro и OnePlus 6T.
Исто така, од фотографиите може да се заклучи дека телефонот ќе работи на Android One оперативниот систем, односно најновата верзија Android 9 Pie, а покрај тоа, телефонот ќе има Snapdragon 845 процесор, 6 GB RAM и 128 GB интерна меморија.
Nokia 9 PureView ќе пристигне со екран со дијагонала од 5,9 или 5,99-инчен екран со поддршка за HDR10 PureDisplay. Според информациите кои што кружат на интернет, телефонот ќе има стаклена задна површина, како и алуминиумска рамка, а сите детали ќе бидат познати за неколку дена кога телефонот речиси сигурно ќе биде претставен на “CES”.