Apple има голем проблем во Кина, а тоа не им се допаѓа на инвеститорите. По само неколку часа од писмото на Тим Кук во кое признава дека резултатите во последниот квартал од 2018 година ќе бидат полоши од очекувањата, акциите на производителот на iPhone паднаа за 8 отсто. Тоа значи дека пазарната вредност на компанијата се намали за дури 55 милијарди долари.
Очекуваните приходи на Apple за последниот квартал од минатата година сега изнесуваат 84 милијарди долари, а во ноември се предвидуваше дека ќе бидат од 89 до 93 милијарди, што и тогаш беше бројка полоша од очекувањата.
Главна причина за падот на продажбата, како што наведе Кук, е намалениот интерес во Кина, врз кој влијаела трговската војна, но и побавниот раст на кинеската економија. И самиот извршен директор на Apple на крајот од писмото до акционерите призна дека прогнозите се разочарувачки.
Инаку, Кина е огромен пазар за Apple, каде што компанијата заработува 15 отсто од вкупниот профит, а технолошкиот гигант практично живее од продажбата на iPhone моделите. Продажбата на смартфонот опфаќа 60 отсто од заработката.
Извор: Jutarnji List