Телекомуникациската компанија Vip повторно излегува во пресрет на своите корисници за побрзо и поедноставно дигитално искуство со новата верзија на мобилната апликација Мојот Vip со која корисниците добиваат дополнителна можност за контрола и едноставно управување со услугите што ги користат.
Редизајнот на Мојот Vip нуди виртуелен простор во кој корисниците добиваат можност самите да управуваат со своите услуги каде и да се наоѓаат без да одат во продажните салони и без да бараат помош од контакт центарот на Vip.
Корисниците добиваат бесплатна и апликација едноставна за користење со дополнителни корисни содржини како и полесно менаџирање на сметките, увид во сметката, нејзино плаќање, проверка на остварениот сообраќај и искористеноста на пакетите, проверка на состојбата на сметката или на припејд кредитот, проверка на тарифа, договорна обврска или валидност на припејд SIM.
Апликацијата Мојот Vip е достапна за корисниците на мобилната телефонија во сите сегменти, пост пејд, при пејд како и деловните корисници и е бесплатна преку Google Play и App Store за поновите верзии на Android и iOS уреди.
Апликацијата Мојот Vip е уште еден доказ за посветеноста на компанијата кон дигитализација на процесите што придонесува кон обезбедување на супериорно дигитално корисничко искуство и развој на дигитално општество во целина.