Според најновите информации, претстојниот Samsung Galaxy S10 телефон ќе има можност за отворање на селфи камерата (кога телефонот е заклучен) со swipe гестикулација на сензорот до центарот на уредот. Оваа функција дебитираше на моделот Galaxy A8s со дисплејот Infinity-O.
Информацијата доаѓа по претходните гласини дека околу отворот на камерата ќе има кружен отсјај, а препознавањето на лице и уште некои други варијанти исто така ќе се најдат помеѓу опциите.
Селфи камерата е сместена на IPS LCD екран, има 24MP сензор и f / 2.0 отвор на Galaxy A8. Останува да се види дали Samsung ќе ја користи истата платформа или пак ќе понуди нешто друго за серијата Galaxy S10.