Uber повторно ќе може да ги тестира своите автономни автомобили во Пенсилванија, но овојпат ќе бидат преземени бројни безбедносни мерки за да се избегнат трагедии.
По трагедијата во која автономен автомобил на Uber удри и уби жена во Аризона во месец март, компанијата го прекина тестирањето на возила контролирани од компјутери. Истрагата, како и некои информации од луѓе од Uber, покажа дека компанијата не ставила доволно акцент на безбедноста, ги игнорирала предупредувањата за проблеми со тестирањата и се однесувала неодговорно. Оваа недела, Uber повторно доби лиценца за тестирање на автономни возила во Пенсилванија, но сега, како што велат, ќе постапуваат многу попаметно и повнимателно.
За да се спречат нови трагедии и сообраќајни несреќи, во секое време во текот на тестовите ќе биде вклучен и системот за автоматско сопирање, напред ќе седат две лица, наместо едно како досега, а истите тие ќе бидат подобро контролирани.
Исто така, додека претходно оваа година автономните возила биле тестирани на јавни патишта во области со голем број на луѓе и со голема брзина и во текот на ноќните часови, новите тестови ќе се вршат само во близина на седиштето на компанијата во Питсбург. Тестови нема да се спроведуваат по влажен коловоз и кога ќе се стемни, а максималната брзина ќе биде ограничена на 40 km/h.
Целиот текст можете да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас