Apple веќе го има покриено горниот сегмент на пазарот на таблет уреди, преку својата iPad Pro серија. Претставувањето на два нови iPad модели следната година, кои ќе пристигнат по пониска цена, би можело да ја подобра вкупната продажба на таблет уредот на Apple. Категоријата на таблет уреди генерално доживува пад на продажбата во последните неколку години.
Се очекува еден од претстојните таблети на Apple да биде iPad mini од петтата генерација. Од објавата на iPad mini 4 поминаа повеќе од три години, а уредот работи на А8 процесор, кој уште тогаш беше застарен. Ова јасно покажува на тоа дека дефинитивно е време за надградба.
Подобрениот дисплеј и тенките рамки веројатно ќе го красат новиот iPad mini, кој би требало да се појави во првата половина на 2019. година.
Вториот нов iPad, кој се споменува во извештаите, би требало да биде освежена верзија на поевтиниот модел на iPad, кој бепе претставен на почетокот на оваа година. Овој уред би требало да има потесни рамки и зголемување на екранот од сегашните 9,7-инчи на 10 инчи. Таблетот се очекува во текот на втората половина на следната година.