Инженерите на Corning веќе работат на новата верзија на Gorilla Glass, која е наменета за флексибилни паметни телефони кои ќе бидат водечки тренд во 2019 година.
Стаклото за кое станува збор се уште се тестира од Corning, но според информациите на CNet тоа е дебело само еден милиметар. Најинтересно околу дизајнот на овој слој е тоа што може да се преклопи половина како лист хартија со радиус од 5mm.
За да се постигне овој ефект, потребна е посебна технологија за производство, бидејќи стаклото е значително потенко од сегашните верзии на Gorilla Glass во паметните телефони. Некои од прототипите за тестирање се со големина на човечка коса. Постојат неколку технички проблеми кои треба да се решат за да може финалната верзија на производот да биде подготвена.
Corning напорно работи на решенија за забрзување на овие процеси. Сè уште не знаеме кога ќе биде премиерата на првото стакло на компанијата, оптимизирано за флексибилни екрани. Првите два големи технолошки настани за годината CES 2019 и MWC 2019 ќе се одржат во почетокот на јануари и крајот на февруари. Ова е добра можност да дознаете повеќе за плановите на Corning.
Поврзани артикли