Македонски Телеком денеска ја отвори новата продавница во Кисела Вода, во зградата „Флатирон“. Продавницата има модерен концепт и освен уреди и услуги нуди уникатно мултимедијално доживување и персонален пристап, преку кој корисниците можат да го најдат она што најмногу им одговара, согласно нивните потреби и можности.
На денот на отворањето на продавницата во Кисела Вода, компанијата подготви специјално изненадување за корисниците, односно одредени модели мобилни телефони со Договор во Доверба 24 се намалени до 50 отсто.
Ова е втора Телеком продавница по ред која има зелен еко ѕид којшто, освен декоративна, ќе има и практична функција, односно ќе служи за природно прочистување на воздухот. Како и останатите Телеком продавници, така и новоотворената во Кисела Вода со својот интерактивен концепт, дополнително овозможува единствено корисничко искуство. Идејата на компанијата е што повеќе да се доближи до корисниците коишто преку интерактивно истражување и забава ќе се запознаат со комуникациските услуги и решенија на Македонски Телеком.