Nvidia официјално ја претстави новата графичка картичка Titan RTX, која во однос на обичната RTX линија би требало да донесе и до 20 проценти подобри перформанси.
Како што сугерира самото име, се работи за досега најмоќниот модел од RTX линијата.
Како што е обично случај со Titan моделите, помоќни се од Ti моделите. Исклучок на тоа не е ни Titan RTX, кој доби поголем број RT и CUDA јадра и поголема количина меморија. Titan RTX има 72 Turing RT јадра и 4.608 CUDA јадра. Во споредба со најсилниот модел од “обичната” RTX линија – RTX 2080 Ti, тоа се 4 Turing RT и 256 CUDA јадра повеќе.
Покрај тоa, Titan RTX доби и повеќе меморија, поточно 24 GB. Меморијата е GDDR6 и работи на бразина од 7.000 MHz и осигурува bandwidth од 672 GB/s. Основниот такт на графичкиот процесор (TU102) е 1.350 MHz, а Boost брзината изнесува 1.770 MHz.
Што се однесува до портовите, Titan RTX има три Display портови и по еден HDMI и USB-C порт. Бидејќи TDP на Titan изнесува 280 W, производителот препорачува вградување во компјутерски конфигурации во кои се наоѓа напојување од барем 65 W. Ако се одлучите за набавка на Titan RTX за да го вградите во својата гејминг конфигурација, тогаш очекувајте помеѓу 10 и 20 проценти подобри перформанси во однос на тоа компјутерот да сте го опремеле со RTX 2080 Ti.
Деталните спецификации се достапни на официјалните страници на производителот. Што се однесува до цената, Titan RTX не е евтин. Nvidia за германскиот пазар одреди цена од 2.699 евра. Titan RTX моментно не е достапен за купување, но ќе биде уште во текот на овој месец.