Следејќи ги се построгите барања за емисии на штетни гасови, кои се веќе во употреба или се најавени дека ќе влезат во примена, производителите се обидуваат да најдат нови начини сопствените возила да ги направат компатибилни со новите прописи.
За повеќето компании тоа значи влегување во сегментот на електрификација, но за некои тоа подразбира и пронаоѓање на покреативни одговори на растечкиот проблем. Ова е еден таков пример.
Volkswagen се обидува да произведе алтернативно гориво за мотори со внатрешно согорување, а основната идеја почива на прилагодување на употребените масла во гориво за согорување во моторот. Германскиот производител, во партнерство со Универзитетот во Кобург на крајот од минатата недела ги обелодени резултатите од заедничката работа, а тие се гориво означено како R33BlueDiesel.
Директната причина за обраќање до јавноста се рефлектира во фактот дека фазата на тестирање одржана во седиштето на Volkswagen во Волфсбург завршила со успех. Новиот тип на гориво се користи во возилата на компанијата од почетокот на годината. R33 BlueDiesel се базира на решенија развиени од страна на нафтената компанија Neste, со седиште во Финска, пред околу една деценија, а е компатибилно со стандардот за дизел гориво DIN EN 590.
Целосниот текст може да го прочитате на автомобилскиот портал Додај Гас