YouTube почна на поголем број на креатори на содржини да им ја овозможува функцијата во стил на Instagram Stories. Најновата експанзија на функцијата, која YouTube прво почна да ја тестира минатата година, ќе им овозможи на креаторите со преку 10.000 претплатници да објавуваат привремени видео содржини.
Stories верзијата на YouTube содржи некои забележителни разлики во однос на она што го нудат Instagram/Facebook/Snapchat варијантите. За почеток, YouTube Stories содржината е видлива во период од седум дена, а не само 24 часа. Видео содржините може да се гледаат и од претплатниците на каналот, како и од стандардните корисниици. Гледачите можат да реагираат и оставаат коментари на Stories, а креаторите можат да одговараат на овие пораки. Овие интеракции можат да се видат од било кој што ќе ги прегледа Stories.