На конференцијата за програмери 2018 MIDC Xiaomi AIOT во Пекинг, компанијата Xiaomi ја претстави смарт бравата за врати MIjia Smart Door Lock. Ова не е прв ваков уред од кинескиот производител, но уредот што е прикажан јасно се издвојува од неговите претходници. Во прилог на ажурираниот дизајн, новата смарт брава добила шест различни начини на отворање.
MIjia Smart Door Lock поставена на врата, делува како и секоја друга брава, но нуди многу повеќе можности за отклучување и влегување во станот или куќата. Таа користи робустен, интелигентен механизам за заклучување од C-класа кој ги поддржува следните методи за отворање:
- скенирање на отпечатоци;
- внес на лозинка;
- употреба на ознаки за NFC;
- Bluetooth отклучување;
- отворање со класичен клуч;
- преку мобилна апликација.
Според производителот, бравата користи седум сензори одговорни за безбедноста и повеќе од десетина различни технологии за да обезбеди целосна заштита од надворешни влијанија и лица.
MIjia Smart Door Lock ќе се продава од 5-ти декември.
Поврзани артикли