Осмата генерација на иконата: Светска премиера во Лос Анџелес
Сензација во Лос Анџелес: Porsche 911 сега влегува во осмата генерација. Новиот 911 ја прослави својата светска премиера во пресрет на саемот за автомобили во Л.А. 911 продолжува да го поставува стандардот кога станува збор за ексклузивно спортско возило.
ДНК-дизајнот несомнено е зачуван со многу помускулест изглед, како и ентериер со 10,9-инчен екран на допир. Новиот 911 е безвременски – и модерен. Интелигентните елементи за контрола и елементи на шасијата, како и иновативните системи за помош, ја комбинираат маестрално бескомпромисната динамика за која е познат класичниот заден мотор на спортскиот автомобил, со барањата на дигиталниот свет.
Следната генерација на линиски шестцилиндрични турбомотори е дополнително развиена и е посилна од кога било досега, со 331 kW (450 КС) во S-моделите. Ефикасноста на погонот е зголемена со подобрен процес на вбризгување и нов распоред за турбокомпресорите со системот за полнење на воздухот. Моќта е испорачана од новоразвиен PDK пренос со двојна спојка со осум брзини. Дополнителни детали вклучуваат новите системи за помош, вклучувајќи го и режимот Porsche Wet за да се направи уште посигурно возењето на влажни патишта, како и Night Vision системот за помош со камера за термички слики, како и сеопфатна конективност – која сега исто така користи проактивна (swarm) интелигенција. Карактеристиките на 911 се заокружени со три ексклузивни дигитални понуди: апликацијата Porsche Road Trip за вонредни рути на возење, персоналниот асистент на Porsche 360+ и веб-базираниот Porsche Impact систем.
Carrera S моделите почнуваат од 450 КС
Турбомоторот на 911 Carrera S и 911 Carrera 4S сега нуди 331 kW (450 КС). Ова претставува зголемување од 22 kW (30 КС) во споредба со претходниот модел. И 911 моделот достигнува 100 км/ч за четири секунди, додека на купето со погон на задните тркала му требаат 3,7 секунди и 911 Carrera 4S со погон на сите тркала достигнува 100 км/ч за само 3,6 секунди. Ова ги прави двата автомобила по 0,4 секунди побрзи од претходните модели. Ова забрзување дополнително се зголемува за 0,2 секунди со опционалниот пакет Sport Chrono. Највисоките брзини сега се 308 км/ч (911 Carrera S) и 306 км/ч за верзијата со погон на сите тркала.
Јасен дизајн -непогрешлив идентитет
Надворешниот дизајн е потполно нов и го истакнува скокот во перформансите на 911 -тип 992. Значително пошироките лакови на тркалата се надвиснати над 20-инчните предни тркала и 21-инчни задни тркала. Задниот дел е со иста широчина во сите модели, истакнувајќи го тесниот дел во средината. Напред, телото е 45 мм пошироко. Електричните рачки на вратите кои се појавуваат кога ќе се приближите ја нагласуваат заострената и мазната странична контура. Меѓу новите LED-фарови, хаубата со изразена острина го навраќа дизајнот на првите 911 генерации. Задниот дел доминира на сите модели со значително поширокиот заден спојлер со променлива положба и бесшевната, елегантна лента за светла. Освен предните и задните делови, целото тело е сега направено од алуминиум.
Целосно нов ентериер се карактеризира со јасни и прави линии на контролната табла со вдлабнати инструменти. 911 моделите од 1970-тите ја даваа инспирацијата. Заедно со централниот дел – типичен за „порше“- две тенки, без рамка инструмент-кластери, ги прикажуваат информациите на возачот. Централниот екран на PCM сега е 10,9 инчи, и може да се ракува брзо и без одвлекување благодарение на новата архитектура. Под ова има компактен прекинувач со пет копчиња за директен пристап до важните функции на возилото. Во однос на дигитализацијата, 911 го прави следниот чекор во иднината со постојана конекција, како и нови функции и услуги. Стандардните карактеристики на PCM вклучуваат онлајн навигација, како и Porsche Connect Plus.
Новите системи за помош ја зголемуваат безбедноста и удобноста
За првпат, „Порше“ разви режим за возење во влажни усови (Wet Mode), вклучен како стандарден. Оваа функција ја открива водата на патот, ги предупредува системите за контрола соодветно и го предупредува возачот, кој потоа може да го постави возилото за посебен режим на управување, едноставно со притискање на копче или со користење на прекинувачот за режим на управувачот (Sport Chrono Package).
Системот за предупредување и помош при сопирање, кој исто така е вграден како стандарден, го детектира ризикот од судири и доколку е потребно, иницира итно сопирање. Помош за ноќно гледање со термичка камера е опционално достапен во 911 за прв пат. Опцијата за адаптивен темпомат вклучува автоматска контрола на далечина, функција за сопирање-поаѓање, реверзибилна заштита на патниците и иновативна автономна асистенција за итна помош.