Основачот на Facebook, Марк Цукерберг, во интервју за Си-ен-ен изјави дека нема да ја напушти својата функција и дека ќе остане на чело на компанијата.
Ваквата одлука доаѓа по многубројните скандали што ја погодија компанијата поради што се појавија и шпекулации дека Цукерберг можеби ќе даде оставка. На прашањето дали планира да се откаже од својата функција, кое му беше поставено за време на интервјуто, тој одговори дека засега тоа не би било логично.
Цукерберг исто така имаше и пофални зборови за Шерил Сандберг, оперативната директорка на Facebook, кој тој наводно ја обвинил за голем број од проблемите на компанијата. Тој ја пофали нејзината работа во компанијата во последните неколку години и рече дека се надева дека ќе соработуваат барем уште неколку години.
Според него, таа е важен дел од Facebook и клучен играч во справување со проблемите што компанијата ги има.