Во 2016. година, околу 11 проценти Европјани гледале телевизија или друга интернет видео содржина на паметниот телевизор. Околу 4 отсто од корисниците го користеле паметниот телевизор за прелистување на интернет преку вградениот браузер, а 3 проценти го употребувале за други апликации, на пример игри или онлајн купување.
Стримингот на телевизии или гледањето други видео содржини (на барање или од заедничкото користење на услуги) на паметниот телевизор било посебно популарен меѓу IT професионалците (23 отсто).
Помеѓу државите членки на ЕУ, во Холандија и Велика Британија (во двете земји околу 22 проценти) најпродавани се паметните телевизори за Streamed TV или друга видео содржина, а следуваат Шведска (21 отсто), Данска (20) и Финска (17 проценти).
Помалку од 5 отсто од жителите емитувале ТВ или некоја друга видео содржина на паметниот телевизор во Романија и Грција (во двете држави по 3 отсто), Полска, Италија и Бугарија (сите по 4 проценти).