Петте најголеми технолошки компании на Њујоршката берза – Apple, Amazon, Microsoft, Alphabet и Facebook, за еден ден изгубија вкупно 75 милијарди долари во пазарна вредност, јави CNBC.

Од петте компании, Amazon покажа најлоши перформанси, откако акциите на онлајн компанијата ја завршија сесијата со пад од 2,4 проценти.

Берзанските индекси забележаа пад во последната сесија од седмицата, откако падот на цената на нафтата и скептицизмот околу еветнуален трговски договор меѓу САД и Кина ги зголемија стравувањата дека економскиот раст ќе продолжи да забавува.

Акциите на технолошките компании се приближија до најлошите резултати од 2008 година.

Индексот „Nasdaq Composite“ го заврши октомври со пад од 9,2 отсто, а водечки фактор во тој однос беа падовите на цената на акциите на Amazon и Alphabet. И покрај големиот пад, индексите „Nasdaq“ и „S&P 500“ ја завршија неделата во зелената територија.