Иако Xiaomi е производител кој своите телефони најпрвин ги донесува на кинескиот пазар, компанијата се труди што повеќе уреди да добијат и глобална објава. Според најновите информации, Xiaomi Mi Mix 3 и Black Shark Helo би требало да бидат следните телефони кои ќе се појават глобално.
Се истакнува дека двата премиум модела ќе бидат достапни за купување на различните европски пазари во претстојниот период. Не се објавени прецизни датуми, така што моментно не е познато кога точно ќе се појават телефоните на пазарот. Веројатно дека првите пазари што ќе ги добијат ќе бидат Велика Британија, Шпанија, Италија и Франција.
Black Shark Helo и Mi Mix 3 имаат Qualcomm Snapdragon 845 чипсет, 6 GB RAM и 128 GB простор за складирање. И покрај овие сличности, двата телефони се наменети за целосно различни сегменти на пазарот. Black Shark Helo се фокусира на перформанси и гејминг, со агресивен дизајн. Од друга страна, Mi Mix 3 е повеќе фокусиран на секојденвно искуство на користење и имплементира дизајн на целосен екран со слајдер.
Двата телефона исто така пристигнуваат со до 10 GB RAM и 256 GB простор за складирање, а Mi Mix 3 ја имплементира и можноста за 5G поддршка кога таа ќе биде достапна во Европа.