Во лабораторијата на Samsung за тестирање на квалитетот, која се наоѓа во седиштето на компанијата во Сувон, Јужна Кореја постои робот, кој се користи за тестирање на издржливоста на паметните телефони, а всушност се работи за роботски задник.
Samsung секогаш сака неговите уреди да бидат што подобри, поиздржливи и по претрпени падови и други влијанија и натаму да работат како што треба. Тестовите на квалитетот се многубројни, а еден од нив подразбира роботски задник кој се спушта врз уредите.
Овој концепт можеби на некои им е смешен, но всушност ја покажува одлучноста на компанијата да ги тестира своите уреди во реални околности и ситуации.
Во лабораторијата се вршат и бројни други тестови, од тестирање на звукот и сигналот, преку падовите, топлотното тестирање, па до користењето на смартфонот во симулирани екстремни временски услови.
Извор: TechRadar