Роберт Тапан Морис, син на познатиот американски криптограф Роберт Морис Сениор, во ноември 1988 година сосем случајно го уништи целиот тогашен интернет.
Морис имаше само 20 години и студираше на универзитетот Корнел. Тогаш го заинтересира да дознае колку е голем тогашниот интернет.
Напиша програма чија задача беше да „патува” од еден до друг компјутер, по што секој компјутер би му испраќал сигнал на неговиот компјутер, кој потоа би ги собирал сигналите. На тој начин Морис се обиде да ги изброи сите компјутери кои се поврзани на интернет.
Програмата работеше успешно, но Морис знаеше дека доколку почне пребрзо да се шири ќе предизвика проблеми. Механизмите за забавување на системот кои беа дел од програмата не работеа онака како што тој замисли.
Програмaта така успеа да „запуши“ големи делови на тогашната мрежа, копирајќи се на компјутерите, и потоа испраќајќи го сигналот назад на компјутерот на Морис.
Кога сфати што се случува, проба да извести неколку администратори на тогашниот интернет, но тоа не му појде од рака. Неговата програма го урна целиот интернет сообраќај и пораките едноставно не можеа да поминуваат. На тој начин, Роберт Морис успеа да го изведе првиот кибернетски напад во историјата на информатиката и интернетот.
1988: The Morris worm spread like wildfire and was the first worm to get wide media attention. After its author, Robert Tappan Morris, released his "experiment", it quickly spread and made many of the systems on Internet unusable – an epoch for security…both good and bad. pic.twitter.com/p6hxkGgOZ5
— Today In Infosec (@todayininfosec) November 3, 2018
Со тек на време, таквиот напад го доби името DDoS (Distributed Denial of Service), односно напад на скратување на услугите, а тоа се случува кога голем број уреди поврзани на интернет праќаат огромен број податоци на една адреса. Поради преголемата активност доаѓа до преоптеретување, поради што компјутерот едноставно се гаси или пак одбива да комуницира со останатите компјутери приклучени на интернет.
https://youtu.be/VDgyew1ZxtY
Веќе претпоставивте, Роберт Тапан Морис е креатор на првиот компјутерски интернет црв. Црвите и вирусите се многу слични, само што вирусот мора да биде активиран пред да почне со работа, додека црвот почнува да работи кога ќе се појави на компјутерскиот уред.
Извор: B92.net