Актуелниот Windows 10 е оперативен систем за кој корисниците имаат голем број критики и замерки. Од друга страна, експертите истакнуваат дека и покрај проблемите што се појавуваат и честите ажурирања што ги нервираат корисниците, станува збор за одличен оперативен систем што претставува голем напредок во однос на она што „Мајкрософт“ го нудел кај постариот Windows 95 или Windows 98.
Без разлика дали на корисниците им служел за полесно и побрзо да се навикнат на новата верзија или да го променат изгледот за да се разликуваат од другите, кај постарите изданија на овој оперативен систем постоеше можност за визуелно „претворање“ во постара верзија, односно промена на изгледот на комплетен интерфејс во некоја од претходните верзии на Windows:
Ако некогаш сте се запрашале како би изгледал Windows 10 доколку би бил објавен кон крајот на минатиот век, одговорот на прашањето го дава јутјуберот Камер Кан Авдан, кој претходно дизајнирал видеоконцепти за напредните верзии на Windows XP, Windows 95 и Windows 98. Тој неодамна ја прикажа својата нова ретро-верзија под името Windows 10 – Издание од 90-тите“.
Извор: B92.net