Педесет и пет километри долгиот мост, кој ги поврзува Хонг Конг и Макао со континенталниот дел од Кина, конечно, ќе биде отворен.
Дваесет милијарди долари вредниот мост, чија изградба почна пред девет години, конечно ќе биде отворен неделава, со што ќе стане светски најдолгиот мост што минува преку море.
Кинескиот претседател, Шји Џјинпинг, заедно со високи претставници од Хонг Конг и Макао, ќе присуствува на свечената церемонија на отворањето, а в среда мостот ќе биде пуштен за сообраќај.
Мостот требаше да почне со работа во 2016 година, но поради непланирани работи, тоа беше одложувано.
Мостот ќе покрива 56.500 квадратни метри на југот од земјата и 11 града со вкупно население од 68 милиони жители. По него, од Хонг Конг до Макао ќе се стигнува за само три и пол часа.