Научниците направија важен чекор пронаоѓањето на нов пристап за враќање на изгубениот слух, пишува Science Daily. Најнова студија покажува како научниците успеале да ги регенерираат сетилните клетки на влакната пронајдени во кохлеата, дел од внатрешното уво, кои ги претвораат звучните вибрации во електрични сигнали, и кои можат да бидат трајно изгубени поради возраста или штетата предизвикана од бучава.
Оштетувањето на слухот одамна е прифатено како животен факт за стареењето кај населението – околу 30 милиони Американци страдаат од одреден степен на губење на слухот. Сепак, научниците забележале дека другите животни, како на пример птиците, жабите и рибите, имаат способност да ги регенерираат изгубените сензорни клетки на овие влакна.
“Можеби е смешно, но цицачите се чудни животни кога станува збор за кохлеарната регенерација“, рекла Џингјуан Џанг, научник при Одделот за биологија на Универзитетот во Рочестер и коавтор на студијата. “Ние сме единствените ‘рбетници кои не можат да го сторат тоа“, додала таа.
Истражување спроведено во 2012 година идентификувало семејство на рецептори – наречено епидермален фактор на раст (EGF) – одговорно за активирање на клетките за поддршка во аудиторните органи на птиците.
При нивната активација, овие клетки се размножуваат и го поттикнуваат создавањето на нови сензорни клетки кај влакната, а според научниците, овој сигнален пат може потенцијално да се манипулира за да се произведе и сличен резултат кај цицачите.
Поврзани артикли