Само пред неколку дена на интернет се појави постер за премиерата на новиот Xiaomi Black Shark 2, кој го посочи датумот 23 октомври како ден во кој смартфонот ќе дебитира. Сега имаме официјална потврда дека атрактивниот уред ќе се појави само за пет дена.
Истиот постер беше објавен на кинеската социјална мрежа Веибо директно од Black Shark. Така веќе немаме сомневање во автентичноста на информациите, иако се уште не знаеме речиси ништо за уредот.
Тој ќе го има RGB логото на грбот и од страните, истата 4000 mAh батерија како и оригиналот, како и дисплеј со истата дијагонала од 5,99 инчи.
Првиот Xiaomi Black Shark беше со акцент на гејмингот и имаше нов тип систем за ладење, нов IPS дисплеј, најновиот Snapdragon 845 чипсет. Оперативната меморија беше 6 или 8 GB RAM cо 64 или 128 GB вградена флеш меморија.
Ќе биде интересно да видиме како ќе се натпреварува Xiaomi Black Shark 2 со Huawei Mate 20 X.