Google Assistant дефинитивно спаѓа меѓу најдобрите дигитални асистенти во светот и е способен да ви помогне во секојдневната рутина, како и кога ќе наидете на проблем. Сè што треба да знаете е еден од странските јазици што го поддржуваат и да научите низа едноставни фрази.
Активирајте потсетници поврзани со локација
Ако сте меѓу оние што постојано ги забораваат задачите што треба да ги извршат, дефинитивно треба да ги испробате потсетниците кои се активираат со локацијата. На пример, можете да се потсетите да направите нешто кога ќе се вратите дома со командата „Еј Google, потсети ме да го вклучам бојлерот кога ќе стигнам дома“. Кога ќе се вратите дома, асистентот ќе ве потсети што треба да направите.
Проверете која песна свири на радиото во кафулето
Одлична работа кај дигиталниот асистент на Google е способноста за комплетен дневен извештај. Ако користите Google Calendar, асистентот ќе ги наведе сите ваши задачи, ќе ве потсети какво е времето надвор и ќе ви помогне да си го организирате денот. Сè што треба да направите е да овозможите синхронизација помеѓу асистентот и календарот и да кажете „Еј Google, добро утро“ на вашиот телефон.
Пресметувајте мерни единици и валути
Асистентот е исклучително корисен за конверзија на валута. Треба да кажете е „Еј Google, конвертирај 56 долари во евра“ и тој ќе го стори тоа. Сепак, треба да знаете дека секогаш кога ќе споменете долари, асистентот автоматски ќе заклучи дека станува збор за американски долари. Сè што треба да направите во овој случај е да укажете на кои долари мислите.
Асистентот, покрај конверзија на валути, може да пресмета и мерни единици.
Дали сте за некоја добра вест на крајот од денот?
Поврзани артикли