По смртта на познатиот физичар Стивен Хокинг е претставена книгата „Brief Answers to the Big Questions“ во која ги дава одговорите на десетте најчести прашања што луѓето му ги поставувале, пренесува Independent.
Во универзумот на Хокинг нема место за Господ, бидејќи славниот космолог верувал дека светот што го познаваме е создаден од ништо.
„Нема Господ ни живот по смртта. Сигурно не постои ниту рај. Мислам дека универзумот е спонтано креиран од ништо според законите на науката“, вели Хокинг.
Во пораката наведува дека образованието и науката се во поголема опасност од претходно и дека експертите не се почитувани. Смета дека пред науката се наоѓаат огромни предизвици, како климатските промени, пренаселеноста, уништувањето на шумите, исчезнувањето на одредени видови и слично.
Кои се најчестите прашања што му ги поставувале:
1. Дали Бог постои? – „Не, никој не управува со нашиот универзум“.
2. Како сè започна? – „Со Големата експлозија“
3. Што има во црната дупка? – „Паѓањето во црна дупка дефинитивно е лоша вест. Ако тоа би било ѕвездена дупка би станале шпагети пред да дојдеме до хоризонтот“.
4. Можеме ли да ја предвидиме иднината? – „И да и не. Всушност, законите ни овозможуваат да ја видиме иднината, но во реалност тоа е премногу тешко“.
5. Дали е возможно патувањето низ времето? – „Според нашите сегашни сознанија патувањето во минатото не може да се исклучи“.
6. Ќе преживееме ли на Земјата? – „Сегашниот светски поредок има иднина, но ќе биде многу поинаква“.
7. Дали постои интелигентен живот во вселената? –„Постојат облици на интелигентен живот, но мораме да бидеме внимателни во одговорот додека сè уште не се развиеме“.
8. Дали треба да ја колонизираме вселената? – „Очекувам дека во следните 100 години ќе можеме да патуваме било каде во Сончевиот систем“.
9. Дали ќе нè надмудри вештачката интелигенција? – „Вештачката интелигенција ќе биде добра во постигнување цели, но ако тие цели не се совпаѓаат со нашите, ќе имаме проблем“.
10. Како да ја обликуваме иднината? – „Запомнете да гледате горе во ѕвездите, а не доле во вашите нозе“.