Покрај челниот, особено опасен е страничниот судир во кој не толку ретки се и човечки жртви. Во вакви случаи од витално значење е страничната воздушна перница, која може да спаси животи.
До ваков судир редовно доаѓа при непочитување на предноста на минување и несовесно вртење, како во случајот подоле. Несреќата се случила во Санкт Петербург, кога возачот на VW Tiguan почнува да врти во лево, не размислувајќи воопшто дали има возило кое надоаѓа.
Затоа, задолжително престројувајте се во соодветната лента за вртење и проверувајте дали има возила зад вас пред воопшто да завртите. Се разбира, светлосен сигнал и врзување на појас се апсолутно задолжителни.
Извор: Додај Гас