Amazon не е единствената компанија на Џеф Безос, кој веќе е најбогатиот човек на планетата. Еден од неговите соништа е да ја користи модерната технологија и да придонесе за колонизација на вселената. Овој проект е главната мисија на Blue Origin, која официјално беше основана пред 18 години. Претстојната мисија на компанијата ќе биде со кодно име Blue Moon и сега разбираме малку повеќе детали за фазите, со кои Џеф Безос планира да испрати луѓе во вселената, информира BusinessInsider.
Главниот дел од мисијата е изградбата на огромен вселенски ровер, кој ќе слета на Месечината. Тимот на компанијата за најсоодветно решение го смета користењето на паметни роботи за испраќање на товар од неколку тони надвор од Земјата. Blue Origin сака да изгради огромна суборбитална туристичка ракета со името New Shepard, како и уште поголем објект наречен New Glenn, кој треба да е готов до 2020 година. Самата мисија ќе се случи со помош на ракетата New Armstrong.
Финансирањето на Blue Origin се реализира со акциите на Amazon во вредност од една милијарда долари, што Џеф Безос ги продава секоја година за да ги покрие трошоците на компанијата. Идеите на Blue Origin веќе го привлекоа вниманието на НАСА, а научниците во агенцијата се согласија да изградат моќни ракетни мотори BE-4, кои ќе бидат дел од системот Vulcan. Партнерството меѓу двете stranи ќе продолжи во наредната година и ќе има директно влијание врз успехот на компанијата во нивните идни проекти.