Проблемите со надградбата на Windows 10 гo принудија Microsoft да го прекине објавувањето на октомврискиот апдејт (Windows 10 October 2018 Update), стои во соопштението на официјалната страница за поддршка на компанијата.
Ажурирањето е прекинато на неопределено време, и се бара од Microsoft да се справи со поединечни жалби од корисници кои ги изгубиле фајловите по ажурирањето на оперативниот систем. Додека од компанијата не го решат проблемот, ажурирањето Windows 10 October 2018 Update не може да се преземе официјално.
Наскоро по надградбата, многу корисници почнаа да се жалат дека нивните лични фајлови биле избришани без предупредување. Microsoft сè уште не го објави рокот за повторно објавување на надградбата.
По втор пат, компанијата се соочува со сериозен проблем со главните надградби на Windows 10 кои се прават двапати годишно. На почетокот на годината, Microsoft мораше да ја одложи Windows 10 April 2018 надградбата за три недели.