Се проценува дека околу 32 милиони Android уреди ќе нема да можат да го користат мобилниот прелистувач Google Chrome.
Судејќи според XDA форумот, неодамна е откриено дека минималниот API level за Chrome мобилниот прегледник ќе биде подигнат на Android од 4.1 на 4.4.
Тоа значи дека сите оние кои имаат Android мобилен уред со Android Jelly Bean наскоро ќе нема да можат да го употребуваат најпопуларниот прелистувач на светот кој само на Android има повеќе од 1 милијарда корисници.
Овој потег значи дека сите оние кои навистина ќе сакаат да продолжат да го користат овој прелистувач ќе мора да купат нов Android уред.
Android 4.1 Jelly Bean е претставен на 10 јули 2012, а првата стабилна верзија на Google Chrome за Android излезе на 27 јуни 2012 година.
Извор: Telegraf.rs